Србија со нови мерки против епидемијата
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2020
На денешната седница, Кризниот штаб на Србија донесе нови мерки против епидемијата на коронавирусот.
Новите мерки, кои Кризниот штаб ќе ги препорача на Владата на Србија, ќе изгледаат вака:
- Во Белград, задолжително е да се носат заштитни маски во јавниот превоз и во затворен простор, почнувајќи од утре во 6 часот наутро. За оние кои не носат маски се предвидени казни. Обврската за носење маски веќе постои во градовите во Србија каде се случи ненадеен скок на позитивни лица со ковид 19.
Нема да има казни за наредните седум дена, кои ќе започнат доколку апелите не дадат резултати. До сега, носењето маски беше препорака и прашање на лична одговорност.
Во наредните два дена кризниот штаб ќе предложи критериуми врз основа на кои може да се прогласи вонредна состојба.
Кризниот штаб ќе прецизира како и на кој начин ќе се ограничува бројот на посетители на јавни места како што се јавни бањи и базени.
Исто така, во Кризниот штаб беше решено дека тестот за странски државјани ќе чини 120 евра.