СРБИНКА НАШЛА РАБОТА ВО ДАНСКА, А ПО МЕСЕЦ ДЕНА ЗАБРЕМЕНИЛА: Како реагирале во фирмата?
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2018
Изјавата на Милена Антиќ за РТС пред Министерството за труд и социјална политика, дека работодавците во Србија не сакаат жени кои по месец дена остануваат трудни, туку жени кои ќе работат поттикна бура реакции.
Во морето од различни приказни, имаше и една Србинка кој раскажа какво искуство има со работа во Данска.
„Се уплашив дека не сум доволно стручна кога почнав да барам работа во државите на Европската Унија, мислејќи дека немам доволно искуство и доаѓам од сиромашна држава. И за чудо ме примија и ми остануваше само да се вратам назад и да ги средам документите. Таа работа не е лесна и не трае два дена“ - вели оваа девојка.
Објаснува дека биле максимално толерантни од фирмата во Данска.
Но, откако забременила им пишала за новонастанатата состојба и мислела дека нема да сакаат да ја ангажираат.
По ова добила одговор дека нив не ги интересира нејзиниот приватен живот, туку дали сака да работи или не. Данските работодавци одговориле дека ќе има право на она што законот го пропишува за трудници. Оваа жена е изненадена затоа што нив не ги интересирало дали е мажена или не, дали планира да раѓа деца или не.