25 Април, 2024
0.0468

Србите „лудуваат“ по Краш, Хрватите по Јафа

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Со влезот во ЕУ на Хрватска ќе се подобрат условите за инвестирање на српски компании во оваа држава, пишува Вечерњи лист. Трговските односи помеѓу Хрватска и Србија, откако Хрватска ќе пристапи во ЕУ ќе се одвиваат во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), наместо како досега според ЦЕФТА, па  Србите слободно, без царини - со исклучок на говедско месо, вино и шеќер, ќе ги извезуваат своите земјоделски производи на пазарите на Хрватска, а своите зарини за некои производи ќе ги задржат до 2014 година, пишува весникот. Затоа не треба да е чудно тоа што бриселските преговорите врзани со ЦЕФТА во однос на трговијата меѓу Хрватска и Србија овие денови е во пат-позиција, каде што едната држава се обидува да ги задржи придобивките од извозот на цигари, а другата од извоз на вино и шеќер. Цигарите, месните и млечни производи, како  хрватските кондиторски производи извезени во Србија ќе бидат поскапи, бидејќи царините на одредени производи скокаат од просечни 4,5% до 13,2%. Србија според ССА, во Хрватска ќе извезува цигари без царина,  додека тутунот и тутунските производи од ЕУ во Србија ќе имаат 56,7% увозни давачки. Тоа значи дека значително ќе опадне хрватскиот извоз на цигари во Србија, беше посочено на неодамнешниот состанок на Стопанската комора на Србија. Србија, од друга страна, е губитникот кога станува збор за извоз на шеќер. Количеството кое од Србија се извезува во Хрватска наскоро ќе биде вклучено во вкупната квота за извоз на шеќер во ЕУ, во износ од 180.000 тони. Меѓутоа, во Србија работат повеќе од 200 хрватски компании, од кои некои во најдобра позиција се М-Сан група, Агрокор, Подравка и Атлантик група, додека во Хрватска работат само 20-тина од Србија, па оттука е разумно да се очекува дека српските компании имаат многу повеќе простор за поголемо присуство во Хрватска, особено агро-прехранбените компании кои минатата година постигнаа  трговски дефицит во Хрватска од 150 милиони евра, а со ЕУ суфицит од 500 милиони евра. Подготвени за увоз? Поделениот пазар од бившите држави изминативе години повторно се спојува, што е лесно да се забележи во речиси сите трговски ланци во Хрватска. Производите како Јафа колачите, плазма, смоки, Донкафе, Пардон соленки, сок Нектар,Еурокрем, Оџачар, мачмалоу, преку увоз или спојувања и превземања на компаниите од двете страни стануваат се почести. Дренислав Жекич, директор на Стопанската комора на Србија во Загреб, истакна дека нивната конкурентност во Хрватска - и 30% пониска цена отколку сличните брендови - која наскоро ќе биде дури и пониска, ќе биде од корист за граѓаните. И ужичкиот кајмак, овошната ракија, виното Жупа, но и Бакина тајна со асортиманот на џемови,  имаат лојални потрошувачи, додека во Србија, и тоа како популарна станува старо - новиот хрватски брендови како Цедевита, Јана, шунката ПИК, Бајадера, Ронхил и подравкините производи, вегета, која во Србија е за 30% поевтина. „Главниот услов на српските фудбалери, во март во Загреб, беше да ги чекаат доволно од бисквитите на Краш „Домачица“ , се потсетува  Жекич.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)