Србите на Косово добиваат храна од Македонија?
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2019
Откако Приштина на 21 ноември воведе такси за Србија од 100%, Србите на Косово тешко доаѓаат до храна и нив им е загрозен опстанокот.
Мештаните од Шар планина кажуваат дека робата им ја носат Македонци, но и Албанци.
„Кај нас во Штрпце, робата стигнува од Македонија, на кесите брашно пишува дека е македонско, цената му е иста како и порано, а од каде ние знаеме кој го мелел“, вели Добривоје Стевановиќ од Штрпце.
Драган Сталетовиќ за РИНА вели дека имаат леб, и уште нешто со лебот.
Овие луѓе биле во Урошевац и велат дека има српски кекс, и друга роба, но Албанците им се правдале дека се тоа стари залихи. Секој кој доаѓа од Македонија може да донесе роба во вредност од 170 евра. Досега се покажало дека ако има некакви забрани, некој тоа го користи за да заработи.