Србите одговорија кои народи најмногу ги сакаат, а кои не
Објавено во: Балкан 06 Март, 2019
Македонците се едни од омилените народи на Србите, покажа анкета.
Србите најмногу симпатии имаат кон Грците и Македонците, кои ги сместуваат меѓу најомилените народи. Ова го покажува истражување кое скоро е реализирано кај северниот сосед.
43 отсто од полнолетните испитаници изјавиле дека најпозитивно мислење имаат за Грците, но граѓаните постари од 50 години ги преферираат Македонците.
Помладите од 50 години, на врвот на листата омилени народи по Грците ги ставаат Црногорците.
Најнегативно мислење Србите имаат за Хрватите. Дури 45 отсто од испитаниците се изјасниле негативно кога се во прашање граѓаните на Хрватска.
Зад нив се Албанците, за кои негативно мислење имаат 33 отсто од анкетираните Срби.
Исти податоци даде и анкета направена лани во септември. Србите најмалку ги сакаат Хрватите и Албанците. Истражувањето тогаш беше дел од еден поширок проект на тема „Срби и Албанци – и како понатаму“.