СРЕДБА ЗАЕВ - МИЦОТАКИС: Грција дава поддршка за почеток на преговори
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019
Во Њујорк, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот колега, Кирјакос Мицотакис.
Заев на својот Фејсбук профил пишува дека Република Северна Македонија е максимално фокусирана на градењето меѓусебно партнерство засновано на пријателство и заеднички интерес, во интерес на граѓаните на двете земји.
„Подготвени сме за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Грција и Северна Македонија“, пишува Заев.
Мицотакис дал поддршка за отварање на преговори со ЕУ. Разговарале и за унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции.