СРЕДБА ЗАЕВ - ГАШИ: Ќе договорат ли колку министерски места значи влезот во владеачката коалиција

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021
Денеска треба да се одржи нова средба на лидерите на СДСМ и Алтернатива. Додека не се избере нов лидер на владеачката партија преговорите ги води Зоран Заев кој секако преговара и како премиер на Владата. Ова е втора средба меѓу него и Африм Гаши од Алтернатива на која се договараат детали околу евентуалното учество на оваа партија во Владата.
Според некои нефоицијални информации Алтернатива бара две министерски, три заменички министерски и едно вицепремиерско место но и неколку стотици други вработувања во пониските ешалони на власта.
Извори за ТВ 24 неофицијално информираат дека министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство или образование. Официјално од партијата се без потврда за ова.
Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека владеачката коалиција има парламентарно мнозинство но не соопшти кој е 61 пратеник. Тој додаде дека преговорите за парламентарното мнозинство ги води лично премиерот Зоран Заев и дека тој ќе извести до каде е процесот.
Заев во текот на денот пак рече дека оставката од премиерската функција ќе се случи по исходот од преговорите со Алтернатива и преговорите со Бугарија.
„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија, изјави за Телма премиерот Зоран Заев.
„Една од најзначајните причини поради кои алтернатива би влегла во Влада е да обебзеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговори со ЕУ, вели Заев.
Можеби ќе ве интересира
НОВ СЛУЧАЈ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Гостиварец ги претепал мајката и сопругата

КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ Е ФЕМИЦИД! Платформа за родова еднаквост бара преквалификување на делото

БЕСПЛАТНИ ЕХО-КАРДИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ДЕЦА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
„КАНЦЕРОГЕНОТО МЛЕКО СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА“: АХВ вели Трипуновски лажно шири паника

МАЛАТА МАЈА МАГДАЛИНА ГО ДОЧЕКА ФИЛИПЧЕ СО НАСМЕВКА: Ја оперираше пред два дена

ПРВОТО КОЛО ОД „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ НА 2WIN.MK ВЛЕЗЕ ВО ЗАВРШНИЦА

РАШЕЛА МИЗРАХИ ЌЕ РАКОВОДИ СО АНКЕТНАТА КОМИСИЈА - пратениците ќе го истражуваат скандалот на Онкологија

МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!
