23 Април, 2024
0.0322

СРЕДБАТА ВО ОХРИД НЕ БЕШЕ ДЕНОТ Д: „Паднаа во вода надежите на српската опозиција дека Вучиќ ќе потпише нешто, па ќе го сменат

Објавено во: Балкан 19 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДП), Расим Љајиќ, денеска оцени дека средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти не била „ден Д“, бидејќи е постигнат договор за спроведување на она што претходно се договорија.

- Во Охрид беше постигнат договор дополнително да се договара и спроведе она што го договоривме претходно. Вака кусо може да се опише исходот од вчерашните преговори меѓу Вучиќ и Курти. Затоа, не се случи никаков „ден“ – изјави Љајиќ.

Тој истакна дека ова е процес за кој дефинитивно ќе биде потребно време.

- Нема да заврши оваа година, а се осмелувам да кажам, ниту следната година. Постојат три причини за ваквата прогноза. Како прво, позициите на Белград и Приштина во однос на повеќедеценискиот проблем се толку далеку што тешко дека може да има брзо и одржливо решение. Второ, општествата и голем дел од јавноста, ниту во Србија, ниту во Косово, не се подготвени за голем исчекор и болен компромис, кој е потребен за конечно решение. Трето, меѓународната заедница сака договор, но не знае како да го постигне и се плашам дека не ги разбира ограничувањата споменати погоре - објасни Љајиќ и додаде дека „ова ќе биде почеток на маратон наместо некои спринтерски настани“.

Охридската средба ќе се памети само по должината на траењето, а не и по исходот. Пропаднаа и надежите на добар дел од десничарската опозиција дека Вучиќ ќе потпише нешто и дека тоа ќе им даде „гориво“ за негово соборување.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа