23 Април, 2024
0.0385

Средношколци подгответе се за конференцијата „Да го следам ли својот сон?“

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во сабота, на 13 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА, со почеток од 11 часот, па се до 16 часот, традиционално ќе се одржи по седми пат конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера.

За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.

Овој традиционален настан, во изминативе шест години го имаат посетено повеќе од 700 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk.

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

Во продолжение е и предлог агендата на конференцијата:

7-ма Ротари конференција за професионална ориентација „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“

Агенда

11:00 - 12:30 Отварање на конференцијата и пленарна сесија (обезбеден вебстриминг на www.nova.edu.mk)

Воведно обраќање на Сашка Костовска - Длака – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост за 2018/19¬

Обраќања на:

Виктор Мизо – Извршен директор на Костал Македонија

м-р Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар компани, основач и менаџер  на Завар дизајн и Претседател на MAMEI

Бранко Огњановски – продуцент

12:30-12:45 Кафе пауза

12:45-13:45   Прва break-out сесија во мали групи

•  Професионални области*: 

o  Архитектура и градежништво;

o  Економија, бизнис и финансии;

o  Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;

o  Маркетинг, медиуми и односи со јавноста;

o  Медицина, стоматологија и фармација;

o  Право и адвокатура

o  Настава, наука и истражувања

13:45 -14:30 Ручек и дружење со учесниците

14:30-15:15 Втора break-out сесија во мали групи

•  Професионални области*: 

o  Архитектура и градежништво;

o  Економија и финансии;

o  Бизнис и претприемништво;

o  Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;

o  Маркетинг, медиуми, и односи со јавноста;

o  Медицина, стоматологија и фармација;

o  Право и адвокатура

o  Уметност, дизајн и креативни индустрии

* Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост


Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена