Средношколец уби соученик - го избол со остар предмет
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018
Средношколец во близина на германскиот град Дортмунд уби негов соученик, соопшти полицијата. 15-годишникот е избоден со остар предмет од 14-годишно момче, објави Би-би-си.
Нападот се случил околу 8 часот по локално време во средното училиште во градот Лунен.
Уапсен е еден тинејџер поради сомневање за убиство. Не се познати причините за нападот, а како што пренесува Би-би-си, свештеници дошле во училиштето за да ги поддржат учениците и родителите.