19 Април, 2024
0.0259

Средствата за дезинфекција од „Алкалоид“ со докажано дејство против Ковид 19

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

По речиси цела година постоење на вирусот COVID 19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете.

Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно. Светските јавни здравствени институции [Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола на болести (CDC), Американската администрација за храна и лекови (FDA) и сл.) одобруваат ефикасност на биоцидните производи (дезинфекциски и антисептички средства) кои во својот состав содржат еден или комбинација од повеќе алкохоли (eтанол, 2-пропанол и/или 1-пропанол), со процентуална застапеност од 60 до 95 проценти. Големиот број студии содржат докази дека овие формулации се сметаат за безбедни и за ефикасни при уништувањето на вирусите (вклучително и SARS-CoV-2) и дека имаат висока микробицидна активност и дејство во рок од 30 секунди од нанесувањето.

Во согласност со консултираните научни студии и докази за ефикасноста на биоцидните средства на база на алкохол спрема SARS-CoV-2, направени од Светската здравствена организација, македонското Министерство за здравство ја потврди ефикасноста на следниве биоцидни производи на „Алкалоид“ АД Скопје: Medical® (гел и полиалкохолен раствор за дезинфекција на рацете) и Ecosal® (растворите за дезинфекција на раце forte, ultra, standard и active), кои во својот состав имаат минимум 70 % алкохол (етанол и/или комбинација од етанол, 1-пропанол и/или 2-пропанол).

Овие производи имаат примена во хуманата и во ветеринарната медицина, индустријата, угостителството, во хотелиерството, за одржување јавна и лична хигиена и слично.

Гелот Medical® и полиалкохолниот раствор за дезинфекција на рацете, како и растворите за дезинфекција на рацете Ecosal® (forte, ultra, standard и active) се готови за употреба.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година