25 Април, 2024
0.0284

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Денес се одбележува 8 март, Меѓународниот ден на жената. Идејата за „славење“ на жените и женските права ја спроведе германската политичарка Клара Цеткин.

Зад овој датум се крие потребата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените, во споредба со мажите. И каде сме денес во споредба со 1909 година, кога беше востановен првиот ден на жената во САД?

Повеќе од 100 години подоцна, светот сè уште нема утврдено еднакви, демократски права за двата пола, барем во пракса. Од гледна точка на деловна активност и кариера, жените сè уште „припаѓаат“ на пониско платени професии, односно на пониски плати за ист износ или вид на работа.

Короната како дополнителен „товар“

Во споредба со минатиот 8 март, многу нешта се случија во животот на луѓето, особено на жените. Од деловен аспект, пандемијата дејствуваше на повеќе начини, пред се во смисла дека милиони почнаа да работат од дома и дека многу жени беа принудени да дадат отказ за да се грижат за своите деца, бидејќи училиштата и градинките не работеа.

Генерално, жените носеа поголем товар за време на коронската криза. Дури и оние кои ги задржаа своите работни места мораа да сфатат како да ги балансираат деловните и приватните обврски, и тие биле многу посветени од мажите, според различни истражувања и студии.

Сепак, деловната култура на компаниите може многу да придонесе за остварување на целосниот потенцијал на жените, бидејќи се повеќе од нив обрнуваат внимание на потребите на припадничките на понежниот пол. Она што секако е сè уште присутно, можеби уште поизразено во 2021 година отколку во 2020 година, е дека има голема разлика во заработката.

Од друга страна, докажано е дека компаниите кои имаат повеќе жени на раководни позиции заработуваат подобро, а голем број жени директори - значи посилен раст на приходите, како и поголеми маржи на профит.

Сепак, разликите во платите, околу 20 проценти во корист на мажите, сè уште се присутни низ целиот свет, додека тие додека тие преовладуваат на дури 70 проценти од менаџерските и раководните позиции во регионот.

Поголеми плати за мажите

Платите на жените во многу компании заостануваат далеку зад оние што ги добиваат нивните машки колеги, иако тие имаат исто образование.

Официјалните податоци од статистика за 2014 година вели дека мажите со високо образование имаат во просек  24.834,  заработувачка додека тој износ кај женскиот пол е  23.488. Се споменува и дека работниот час во просек кај жената е понизок за разлика од мажот.

Податоци од 2020 на ДЗС покажуваат и дека во период 2000-2019 бројот на жени како високообразован кадар е застапен со 59 проценти од вкупниот број високообразовани луѓе во Македонија.

Секоја година, Меѓународниот ден на жената служи како потсетник дека жените честопати се помалку ценети за својата работа.

Од вкупниот број работоспособно население 376.111 или 39,9 отсто отпаѓа на женскиот пол додека пак податоците на ДЗС додека од  789.552  вработени 317.813. се жени или 40,3 отсто или 317.813.

Жената поголема домаќинка

Она што не се променило во последните години е и фактот дека работата по дома се уште отпаѓа на жената. Дури 37 проценти од домашните активности како подготвување на храна ги вршат жените, додека кај мажите тој процент е 12 проценти. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?