29 Јануари, 2020
0.0162

Српската опозиција бара договор како Пржинскиот

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2019

Опозицијата во Србија бара Пржински договор како во Македонија, прилагоден на српски начин. 

Драган Ѓилас, претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) и еден од водечките лидери во опозиционата коалиција Сојуз за Србија (СзС) во која, покрај неговата партија се и Двери на Бошко Обрадовиќ, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Нова партија (НС) на Вук Јеремиќ и други, во интервјуто за МИА, направено пред влезот на РТС за време на вчерашната блокада на Радио телевизија Србија (РТС) од страна на СзС поради незадоволство од информирањето на јавниот сервис, истакна дека опозицијата во Србија бара Пржински договор како во Северна Македонија, прилагоден на српски начин.

„Не бараме ние нешто преголемо, ние бараме Пржински договор на српски начин, ништо друго. За да има ситуација со која можете да дојдете до фер и чесни избори. При тоа сме свесни дека оној кој беше на власт седум години е секогаш во предност на тие избори, но важно е да се направи систем. Како што сега Северна Македонија има нови избори по истиот систем, значи едноставно политичкиот живот се врати во нормала. Мислам дека без тоа ниту Србија не може да тргне напред. Тоа го зборуваме со луѓето од Европа, веруваме дека тие навистина сакаат добро, дека сакаат да помогнат, дека сакаат ова да се стабилизира и веруваме дека на крај ќе дојдеме до тоа“, велат од опозицијата. 

Додаваат дека она што се случи со Македонија за започнување на преговорите е страшен удар за сите оние кои донесоа тешки одлуки. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) БАЛКАНОТ НЕМА МИР ОД ЗЕМЈОТРЕСИ: Еве како се тресеа грчки и турски остров

(ВИДЕО) БАЛКАНОТ НЕМА МИР ОД ЗЕМЈОТРЕСИ: Еве како се тресеа грчки и турски остров

ТУРЦИТЕ ГИ НАПУШТИЈА ДОМОВИТЕ: Земјотрес ја стресе западна Турција

ТУРЦИТЕ ГИ НАПУШТИЈА ДОМОВИТЕ: Земјотрес ја стресе западна Турција

Потрагата во Турција запре, Истанбул очекува силен земјотрес

Потрагата во Турција запре, Истанбул очекува силен земјотрес

Се урна хрватски воен хеликоптер дониран од САД

Се урна хрватски воен хеликоптер дониран од САД

ШАРЕЦ: “НЕ МОЖАМ ДА ГИ ИСПОЛНАМ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЛУЃЕТО“ - Падна словенската влада

ШАРЕЦ: “НЕ МОЖАМ ДА ГИ ИСПОЛНАМ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЛУЃЕТО“ - Падна словенската влада

Во Берлин состанок за железничкиот сообраќај помеѓу Србија и Косово

Во Берлин состанок за железничкиот сообраќај помеѓу Србија и Косово

Колинда не им донесе среќа - Хрватска загуби од Шпанија во финалето

Колинда не им донесе среќа - Хрватска загуби од Шпанија во финалето

ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА ЗА ЧОВЕКОТ ШТО СИ ПУКАШЕ ВО ГЛАВА - прво го убил професорот кому му должел пари

ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА ЗА ЧОВЕКОТ ШТО СИ ПУКАШЕ ВО ГЛАВА - прво го убил професорот кому му должел пари

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МАЈКАТА ЧИИ ДЕЧИЊА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР - Ја криев од нив запалката, но ете, ја нашле

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МАЈКАТА ЧИИ ДЕЧИЊА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР - Ја криев од нив запалката, но ете, ја нашле