Српската опозиција го обвини Вучиќ дека му дозволил на Груевски да мине низ Србија
Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2018
Српското Движење на слободни граѓани денеска соопшти дека владата во Србија имала своја улога во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, и дека е точно тоа дека претседателот Александар Вучиќ наредил Безбедносно-информативната агенција и тајно да премине низ Србија, бидејќи сака да отвори таква практика која ќе му биде потребна и нему утре“.
Од таму наведиваат дека Вучиќ веќе му дал орден на советникот на озлогласениот шеик Бин Зајед - Мохамед Далан., како и азил на Себастијан Гици, кого Романија го бара со меѓународна потерница за направен криминал.
„Србија под власт на Српската напредна партија стана "слободна зона и фри-шоп за богати политичари кои бегаат од правдата во своите земји" се вели во соопштението.