19 Април, 2024
0.0239

СРПСКИ МЕТЕОРОЛОГ ИМА НОВА ПРОГНОЗА - по пеколните 40 степени следува заладување, но еве само во кои области

Објавено во: Балкан 31 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

По уште еден топол бран и високите температури, во понеделник, според најавите на српскиот метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ, се очекува пад на температурата за 10 степени.

Ова метеорологот го објави на својот фејсбук профил.


„Во недела се очекуваат температури од 36 на северот на Србија до 41 степен на југоисток од Србија. Овие високи температури се последица на приближувањето на топла воздушна маса од југозапад, односно од северот на Африка“, напиша Đуриќ.

„Меѓутоа, ослабениот студен фронт од северозапад и од областа на Алпите ќе донесе свежа воздушна маса во недела навечер и во понеделник, која преку Панонската рамнина ќе стигне до север и запад од Србија, така што во понеделник се очекува многу попријатно време во овие области , со засилен северозападен ветер и со максимални температури од 28 до 30, во Белград до 29 степени. На површината од 850 mb над овие области, ќе биде околу 15 степени, така што температурата е за 10 степени пониска отколку во неделата“, објави Ѓуриќ.

„Студениот фронт ќе биде толку ослабен на својот пат кон југоисток, што се уште ќе биде жешко во Ниш и на југ и исток од Србија, со температури до 37, со засилен југозападен ветер и високи температури во повисоката атмосфера“, рече тој. 

Кога станува збор за врнежите, студениот фронт нема да биде толку изразен во форма на врнежи, бидејќи во недела попладне и пред крајот на денот само на некои места во северна Србија и во Белград се очекуваат локални врнежи со грмежи, особено во Војводина, напиша тој.

„Кога станува збор за остатокот од следната недела, северната половина на Србија ќе има попријатни температури во споредба со остатокот од Србија, и тие ќе бидат претежно над 30 степени, додека на југ и исток од Србија температурите генерално ќе останат над 35 степени “, заклучи Ѓуриќ.

Извор: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот