18 Април, 2024
0.0302

ССМ ПРОТИВ ОТПУШТАЊЕТО ТЕКСТИЛЦИ: Договорите на определено време се најголемото зло за работничките права

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите да не ги отпуштаат сега вработените од текстилната индустрија, бидејќи, како што велат, во спротивно никогаш нема да најдат работници да им работат.
Тие бараат итно измени во Законот за работни односи, со кои нема да може неограничено да се продолжуваат договорите на определено време, туку тоа да биде возможно само за период од максимум една година, бидерјќи, како што велат, тие се најголемото зло за работничките права.
„Додека други таканаречени граѓански организации кои само декларативно се борат за работнички права, јавно ги повикуваа и ги учеа работодавачите како требало да се отпуштаат работници и какви откази да се даваат со цел полесно ослободување од работници во компаниите, ССМ гласно зборува дека таквиот вид на Договори за вработување на определено време беа главна причина за огромниот број на невработени во време на пандемија, а поради тоа што сеуште овој вид на Договор за вработување не е ограничен на максимум една година, работодавачите најавуваат дека по овој основ ќе им бидат прекинати договорите за вработување на голем број на работници во наредниот период“, велат од ССМ во своето соопштение до јавноста.

Според Дарко Димовски, претседател на ССМ, најголема небулоза во Законот за работните односи е тоа што тие договори на определено време се неограничени и може секој месец да се продолжуваат.
„Со нив се држи работникот во неизвесност, да не си ја планира својата иднина и да нема никаква заштита. ССМ ќе биде рамо до рамо со работниците заедно во борбата за намалување на времетраењето на договорите за вработување на една година“, вели Димовски, претседател на ССМ.

Тој вели дека ако сакаме да ги задржиме работниците во државата, треба веднаш ова најголемо зло по работничките права и по работничката егзистенција да се елиминира преку најбрзи измени на Законот за работните односи, за да не се доведеме во ситуација македонските работници, наместо да ја градат нашата, да градат некоја туѓа економија.

Според информации на ССМ, голем број работодавачи ги немаат продолжено договорите за вработување на определено време на работниците, а тие сеуште им работат. Затоа ССМ ќе ги пријави сите работодавачи до надлежните инспекциски служби, со барање да постапат согласно Член 259, став(1) кој предвидува дека ако трудов инспектор зaтекне на работа кај работодавач лица со кои не е заснован работен однос, согласно закон и лицата не се пријавени во задолжително социјално осигурување, со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од осум дена од денот на приемот на решението со затечените лица или други лица без јавен оглас да заснова работен однос на неопределено време и во наредните три месеци да не го намали вкупниот број на вработени. Од ССМ верлат дека на таков начин ќе ги оневозможат работодавачите во намерата да не ги продолжат Договорите за вработување на определено време.

„Апелираме до работниците да не се потпишуваат на никакви нови Анекси или нови Договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски, да пријават во ССМ, а ние ќе се бориме со сите расположливи средства да ги заштитиме овие работници“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух