19 Април, 2024
0.0273

ССМ: Тоа што не се отвора стечајна постапка за „Баргала“ е срамно и скандалозно решение на судијата, работниците гладуваат, а газдите уживаат

Објавено во: Економија 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ССМ остро реагира што судијата Емил Пилатов не отвора стечајна постапка за компанијата „Баргала“ од Штип. 

Иако до Сојузот на синдикатите на Македонија сеуште не е доставено Решението на Судијата Емил Пилатов во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, како што велат од синдикатот, тој во изјава за медиумите кратко одговорил дека „Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже“.

Од ССМ велат дека доколку ова навистина се потврди, ќе значи „срамен скандал од невидени размери и огромна неправда спрема работниците“.

Синдикатот нагласува дека повеќе надлежни државни институции, меѓу кои и УЈП, констатирале дека во Баргала Штип има неправилности во работењето од огромни размери, што било јавно објавено од директорката на УЈП. Исто така, какпо што велат, и Државниот инспекторат за труд констатирал низа неправилности и за нив донел соодветни решенија и задолженија за работодавачот. 

„За сите овие државни институции работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата, поради што страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконски отказни решенија и без стабилен статус и егзистенцијална иднина, а само судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев во целиот овој период на преиспитување на поднесената пријава за стечај и целокупната документација која беше доставена во прилог, не видоа неправилности и кршење на законот“, остро коментираат од Синдикатот.

Додаваат дека само за овие лица - платата во износ од 600 денари која им е исплатена на работниците, не значи прекршување на законот, иако тоа е само 4 отсто од минималната плата, односно на работниците не им е исплатена ниту минималната плата, туку раководството на АД Баргала, како што велат, го изиграло законот и ги искористило техничките недостатоци на системот на УЈП и исплатиле плата од 600 денари. 

„Оваа плата стечајниот судија ја третира како исполнување на обврските на работодавачот, иако тоа не е така, тоа го занае и самиот тој, а му беше предочено и од претседателот на ССМ на судското рочиште, исто како и за блокираната сметка на АД Баргала повеќе од 700 дена, што за  судијата Пилатов не е доволен основ за отварање на стечајна постапка, што е преседан во примена на правото и законите во државата“, потенцираат од ССМ.

Се сомневаат, како што нагласуваат, во стручноста на судијата и стечајниот управник да одлучуваат во постапката за стечај на АД Баргала, и тврдат дека тие незаконито постапуваат на штета на околу 300  вработени и членовите на нивните семејства, но и не водат грижа за неплатените даноци, јавни давачки кои Баргала не ги подмирила кон државата, што значи не водат грижа и за државниот и општествениот интерес за што треба и мора да се заинтересираат државните институции.

„Ги повикуваме надлежните државни институции да ја преиспитаат соодветноста на постапувањето на судијата и стечајниот управник, како и кои се причините судот да потпаѓа под влијание и да одлучува спротивно на доказите, извештаите и решенијата од надлежните државни институции за енормните прекршувања на законите во Баргала, односно наместо судијата да и служи на правдата, со своето несоодветно постапување всушност ги брани спротивно на закон бизнис интересите на одредени поединци - газди,  што укажува дека го штити беззаконието и самоволието во Баргала, наспроти законите и работничките права.

Се плашиме дека со овие несоодветни потапки на судии и стечајни управници се доведува во прашање кредибилитетот и независноста на Основниот суд во Штип во кој очигледно е развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници која слугува на газдите на АД Баргала и им овозможува безгрижно да уживаат додека работниците со месеци гладуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места.

Бараме и ќе доставиме претставка до Судскиот совет и Министерството за правда за сериозно  да ја преиспитаат  работата на Судијата Емил Пилатов во случајот за АД Баргала, поради тоа што ваквите решенија ја поткопуват и ја рушат  довербата правниот систем и се испраќа многу лоша порака посебно до нас работниците дека нема закони во државата, а се охрабруваат газдите да ги злоупотребуваат законите како тие да не важат за нив во една демократска држава.

И покрај ваквата сакндалозна и срамна пресуда која не е правосилна, Сојузот на синдикатите на Македонија нема да се откаже и борбата заедно со работниците продолжуваме да ја водиме пред повисоките судски инстанци се до добивање на правда за работниците“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји