25 Април, 2024
0.0453

ССНМ и ЗНМ: Отпуштање новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Објавено во: Македонија 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ја осудуваат одлуката на
работодавецот Нет медиа Груп Доел, во сопственост на Владимир Кошевалиски кој што ги поседува интернет порталите „Локално“ и „Стандард“ да отпушти најмалку петмина новинари, дел вработени на определено, а на дел да им ги прекине хонорарните договори.

Иако овој чекор се образложува со кризата предизвикина од корона вирусот
отпуштањето на новинари треба да стаса последно, со оглед на значајната
улога на медиумите во услови на вонредна состојба.

Ваквата постапка особено зачудува поради фактот што Владата најавија сет на
мерки за медиумите кои меѓу другото се условени и со неотпуштање на
новинари и медиумски работници додека траат вонредните мерки.

ССНМ и ЗНМ апелираат работодавецот да ја преиспита оваа одлука која на прв
поглед е избрзана, бидејќи според мерките на владата најмалку што може да
понуди е минималната загарантирана плата . Истовремено, сметаме дека
праксата сопствениците да бараат од новинарите и медиумските работници кои
имаат важечки договор да потпишуваат спогодбено раскинување на работниот
однос e недозволива и неприфатлива . Тоа им носи директна штета на
работниците и им укажуваме дека таквите понуди веднаш треба да ги одбиваат.

Отказите доаѓаат без претходна најава или известување за финансиската
ситуација во која се наоѓаат газдите, со што се остава впечаток дека
сопственикот воопшто не очекува и ниту се надева на идни мерки од владата
за ублажување на импактот на кризата во финансиското работење и планирање.

Овој пример лошо влијае врз генералната слика и укажува на тоа дека дека
први на удар во однос на економската криза се медиумите и новинарите . ССНМ
и ЗНМ стравуваат дека овој случај може да предизвика „домино ефект“ и
негативно да охрабри и други медиуми  да се одлучат на ваков чекор.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови