29 Март, 2024
0.0286

Стабилен квартал за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Фокус на работењето во првиот квартал од тековната 2019 година, Стопанска банка а.д. Битола  стави во редефинирање на кредитното портфолио, преку наплата, стабилизирање и проширување на депозитното јадро и намалување на оперативните трошоци од работење со што директно дејствуваше во насока на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2019-2023 година, стои во образложението на финансискиот резултат на банката. 

Во првите три месеци од оваа година Нето-приходите од камати изнесуваат 75,1 милиони денари, со што планот за првиот квартал е остварен со 94,63 отсто. 

„Засилените активности за наплата на кредитното портфолио и континуираното надолно прилагодување на активните каматни стапки согласно пазарните трендови, доведоа до намалување на нето-каматниот приход кој е понизок за 13,47 отсто во однос на остварувањето за истиот период од минатата година, пишува во извештајот

Нето-приходите од провизии и надоместоци во првиот квартал од тековната 2019 година изнесуваат 24,47 милиони денари и се пониски за 22,51 отсто во однос на остварувањето од истиот период од минатата година. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 96,86 проценти.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,24 милион денари споредено со првиот квартал од минатата година, додека планот е остварен со 81,78 отсто додека од банката соопштуваат дека останатите приходи од дејноста се пониски за 5,08 милиони денари, споредено со истиот период лани, кога биле остварени вонредни приходи и капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е повисока во однос на првиот квартал од претходната година за 25,26 милиони денари, што се должи на проценките за квалитет на дел од кредитното портфолио како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, за периодот 1.1.- 31.3.2019 година изнесува само 2,18 милиони денари, што претставува значително помал износ споредено со минатата година, како резултат на издвојување помал износ за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРМ според која преземениот имот од 1.1.2010 година се сведува на нула.

Трошоците за вработените бележат раст од 4,23 отсто споредено со периодот 1.1 – 31.3.2018 година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 86,22%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 8,67 проценти, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски во претходната година што не е случај во тековната година. Планот за првиот квартал од тековната година е реализиран со 109,66 отсто. Амортизацијата е зголемена за 26,39 проценти на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 125,84 отсто.

Инаку во првите три месеци годинава Стопанска банка ад Битола има негативен финансиски резултат и изнесува 25,75 милиони денари.

За 2018 година банката нема да исплатува дивиденда, а годинава има зголемување од 1,61 проценти на недвижностите и опремата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2018 година.

Обврските по кредити на банката се пониски за 22,71 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2018 година.

Во Стопанска банка ад Битола очекуваат забрзување на умерениот економски раст и стабилизирање на деловното опкружување. 

„Банката и во престојниот период ќе ги преземе неопходните мерки и активности за реализирање на поставените стратешки и деловни цели во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за периодот 2019-2023 година.

Воедно, Банката со своето работење во целост останува насочена кон задоволување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги со фокус на понатамошна дигитализација во работењето, јакнење на депозитниот потенцијал, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку интензивни активности за наплата на нефункционални кредити, континуирано следење на редовното портфолио, одобрување нови изложености и продажба на остатокот од преземениот имот,  со што ќе се создадат неопходните предуслови за генерирање на позитивни финансиски резултати при прифатливо ниво на ризик, стои во објавата.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија