Стабилна состојбата на Ериксен, натпреварот меѓу Данска и Финска продолжува: УЕФА со ваква одлука по страшната сцена на теренот во Копенхаген
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2021
Европската фудбалска асоцијација вечерва одлучи натпреварот меѓу Данска и Финска кој се игра во Копенхаген да продолжи уште вечерва, откако репрезентативецот на Данска, Кристијан Ерискен успешно беше реанимиран на теренот и сега е во стабилна состојба хоспитализиран.
Имено, тој пред самиот крај на првото полувреме оддеднаш колабираше, по што лекарите цели 10 минути се бореа за неговиот живот на самиот терен.
Видно вознемирени, теренот го напуштија прво играчите на Финска, а потоа и судиите. За среќа, Ериксен кој на почетокот не даваше знаци на живот, жив го изнесоа од теренот.
Фудбалскиот меч веќе е во тек.