20 Април, 2024
0.0383

Стабилни приходи: Стопанска банка Битола одработи со добивка

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Зголемени приходи од провизии и надоместоци, стабилно ниво на приходи од камати и добивка од севкупното работење. Со ваков резултат ја завршила минататa година Стопанска банка АД Битола. Во текот на 2019 година впрочем оваа банка оствари добивка вредна 16,97 милиони денари што е за над девет отсто повеќе од планираното за годината. Од Стопанска банка Битола соопштуваат дека тоа се должи на активностите за раст на продажбата на производи и услуги, умерено кредитирање со акцент на физички лица, микроклиенти и мали и средни претпријатија, но и на воведувањето конкурентни и иновативни депозитни производи.

Она што е позитивно е што банката има и помала исправка на вредност на финансиските средства, позитивен ефект кај загубата за оштетување на нефинансиските средства, како и контрола на оперативните трошоци од работењето.

Според билансот на успех, лани вкупните приходи од камати се речиси 292 милиони денари што е остварување на планот од 92 проценти, но приходите не бележат значаен пад во однос на минатата година. Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 2 проценти споредено со претходната година.

„Зголемувањето пред сѐ произлегува од картично работење и кредитирање, а реализација е повисока од планираната за 9,91 проценти Нето -п риходите од курсни разлики и останатите приходи од дејноста се одржани на стабилно ниво, без поголеми промени на годишна основа, стои во образложението на финансискиот резултат за минатата година.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е помала споредено со претходната година за 18,6 проценти што се должи на активностите за наплата на дел од побарувањата, зголемено кредитирање на секторот домаќинства што традиционално носи пониско просечно ниво на ризик, како и процените за квалитетот на кредитното портфолио на правни лица како мерка на прудентно работење и претпазливост на банката.

Во извештајот стои и дека во текот на годината банката ги зајакнала активностите за продажба на дел од преземениот имот со цел трансформација на некаматоносната актива во каматоносна, што резултирало со ослободување на загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа во износ од 16,93 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,64 проценти споредено со претходната година, останатите расходи од дејноста се пониски за 2,62 отсто, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски за судски спорови во 2018 година, што не беше случај во 2019 година.

„Во периодот што следува банката очекува стабилно макроекономско окружување, умерено забрзување на економскиот раст во согласност со проекциите на Народната банка од околу 3,8 отсто при очекувана стапка на инфлација од околу 2 проценти до крај на 2020 година. Кредитирањето на ниво на банкарски систем би пораснало за околу 8 отсто, додека подинамичен раст од околу 8,5 проценти би имале депозитите.Прилагодувајќи го своето работење на деловната клима и потребите на клиентите, а воедно следејќи ја динамиката на пазарот, банката и во претстојниот период ќе ги презема неопходните мерки и активности за реализирање на поставените цели што предвидуваат зголемување на бројот на клиенти, раст на кредитирањето и депозитниот потенцијал, а со тоа зајакнување на пазарната позиција и остварување позитивни финансиски резултати на долг рок, пишува во образложението на финансискиот резултат.

Во следниот период во фокусот ќе биде и понатамошната дигитализација на производите, услугите и процесите.


Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор