18 Мај, 2025
0.0357

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 14:40

Добивај вести на Viber

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, денеска запрашан од медиумите, рече дека актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупција треба да продолжи со работа и покрај тоа што претседателката Татјана Димитровска е осомничена за давање службени тајни информации на лице од случајот „Адитив“.

Рече дека конкретната ситуација не треба да значи рушење на кредибилитетот на институцијата бидејќи, како што кажа, станува збор за еден член, макар тој бил и претседател на Комисијата.

„Се надевам дека ДКСК со успех ќе продолжи да си ја врши својата работа. Има три многу големи надлежности – судир на интереси и спречување корупција, проверка на законите, но и работа по Стратегијата за спречување на корупцијата. Се надевам дека членовите ќе смогнат сили да продолжат со работа, нешто што го најавија и вчера“, изјави Андоновски одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот рече дека очекува актуелната ситуација во ДКСК да не биде злоупотребена од ниту една политичка партија. Смета оти не постои можност да се парализирање на работењето на ДКСК, со оглед на некои од барањата за разрешување на целиот состав на Комисијата.

„Не гледам причина зошто другите членови би сноселе одговорност за личните постапки за еден од членовите, за потенцијалните постапки, затоа што станува збор за осомничено лице. И не би сакал дополнително да се впуштам во политизација на процесот затоа што овој состав, како и минатиот состав на ДКСК, беше избран во Собранието со поддршка од сите политички партии, вклучително и од невладини организации, во една транспарентна постапка којашто се сметаше за пример за начин на избор на членови на вакви независни тела“,рече Андоновски на прес-конференција на која промовираше нови е-услуги за граѓаните.

Другите членови на ДКСК, како што рече, треба да покажат со пример дека нивната работа е кредибилна.


Можеби ќе ве интересира

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

„ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА И ИЗВОЗ“ - еве ги деталите за новата фабрика на „Шахтерм“

ОСМАНИ СПОДЕЛИ УБАВИ ВЕСТИ - „Горд сум на ова достигнување, но уште повеќе на посветеноста“

ОСМАНИ СПОДЕЛИ УБАВИ ВЕСТИ - „Горд сум на ова достигнување, но уште повеќе на посветеноста“