Стаменковска: Каде се поголемите плати?, Шахпаска: На 15 октомври
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019
Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, на денешните реакции од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека зголемената плата од 5 отсто за административците е онаа септемвриската која ќе биде исплатена во законски предвидениот рок до 15-ти октомври.
„Владата предводена од СДСМ за ова покачување на платите и за подобрување на животниот стандард има обезбедено финансиски средства. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард. Од минатата година до денес покачена е платата за 10 проценти на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци“, рече Шахпаска.
Според тоа, како што велат од СДСМ,. вработените во јавниот сектор за месец септември ќе добијат повисока плата за пет проценти и реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја оценија како лажна вест за замајување на јавноста.„Денес сме 2 октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос“ изјави претходно Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.