Стаменковски од „Доказ“ доби три години и еден месец затворска казна
Објавено во: Македонија 04 Април, 2023
Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ“, доби казна затвор од три години и еден месец за пет кривични дела, а исто така и неговата веб-страница ќе биде затворена.
Едногодишните казни за делата уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и уцена му се сублимираат во три години и еден месец првостепено.
Стаменковски треба да плати и 5.000 евра за злоупотреба на податоци. Нема да смее да отвори нов домеин во наредните 10 години на негово име.
Судењата на Стаменковски беа зад затворени врати, оти се изведуваа делови од приватните животи на обвинетите.