19 Април, 2024
0.0270

СТАНКОВИЌ И ПРВАТА ДОМАШНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНА ВО ЛЕР: Како државата ги кочи инвеститорите

Објавено во: Економија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Хај Тек (Hi-Tech Corp.), првата домашна инвестиција во слободната економска зона Бунарџик, деновиве започна со пробно производство,но редовното се уште не е стартувано, затоа што сопственикот, македонскиот бизнисмен Саво Станковиќ, вели дека наишол на проблеми со инфраструктурата и со урбанистичките планови. Струја, вода, комуникации, дали навистина ќе се исплати чекањето, се прашува Станковиќ.

Тоа е негов втор, многу поголем и позначаен капацитет, покрај оној во Орешани. Камен-темелникот беше поставен на крајот од 2015 година, а требаше да започне со работа на крајот од 2016 година.

Корпорацијата произведува повеќеслојни печатени електронски плочи, кои во новиот центар треба да бидат асамблирани и да се зголеми нивната вредност на пазарот во Европа и преку Атлантикот.

ЌЕ ВРЕДИ ЛИ ЧЕКАЊЕТО?

Сега Станковиќ вели дека на патот му застанеле многу неочекувани работи. На свој грб почувствувал многу од недоследностите во системот.

„Во приватниот бизнис сум 40 години, но не очекував дека вака ќе се одолговлекуваат работите. Се надевам дека до септември се ќе биде во ред и ќе стартуваме со производството со полна гас. Деновивме го тестиравме пробно и задоволен сум на тој план. Во последните шест месеци се обидов да ги забрзам работите, но постојано имам проблеми со спроведувањето на струјата, водата, па и на гасот и комуникациите. Не може толку време да се губи, на пример,  за да се одлучи од каде да се спроведе приклучокот за струја. Постојано треба надлежните да се флексибилни со урбанистичките планови и тука решаваме банални проблеми, како тоа од која страна да биде влезот на погонот. Имам одлични односи со Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони, но другите служби навистина не се на нивото на задачата. Ако е ваков односот како да сме „Ветена земја“, треба да се запрашаме дали воопшто вреди да се чека толку време. Сум бил во многу слободни индустриски зони во странство и таму функционира се во интерес на производството - вели Станковиќ.

Вели дека досега ги запазил сите рокови со инвестициите и се придржува до планот од досега вложени 7,2 милиони евра во оваа инвестиција и дека го екипирал тимот од првите 100 вработувања, кои ги минале сите фази на тренинг и обука.

АМБИЦИИ ВО ЛЕР

Во текот на производството, вложувањата за 10 години треба да достигнат 20 милиони евра, а бројот на вработени да изнесува 300.

„Сите проекти се готови и компанијата воопшто не отстапи од својот план и затоа не очекував дека ќе се претвори ентузијазмот во една голгота. Работите може да ги споредите со еден автомобил, кој е вклучен, работи, но е ставен во лер и не вози. Ние треба да бидеме еден од најдобрите центри во Европа за асамблирање на електронските плочи што се произведуваат во Орешани. Тоа неколкукратно ќе го зголеми производство и извоз од она што сега се произведува таму.  Инсталирана е целата производствена опрема и чекаме на официјалниот старт во септември - додава Станковиќ.

Според првичниот план се работи за центар од 8.000 квадратни метри. Производите на Хај Тек наоѓаат широка примена во авионската, автомобилската, комуникациите и медицината, а клиенти на компанијата се големи глобални компании како „Континентал“, „Бош“, „Сименс“, „Филипс“ и други.

Парцелата на која се протега погонот е со големина од 19 илјади квадратни метри/

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите