20 Април, 2024
0.2511

Станува ли Софија непремостлива пречка на патот кон ЕУ - што значат пораките на Заев и Димитров

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Станува ли Софија непремостлива пречка за старт на нашите преговори со Европската унија. И покрај сите очекувања дека недоразбирањата ќе се надминат, по се изгледа последната посета на вицепремиерот Бујар Османи на таа држава пред неколку дена, не донесе нешто охрабрувачко. 

Го кажуваат ли токму тоа двете вчерашни пораки испратени до македонската јавност од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Или, пак, станува збор за свесно изречена поостра реторика и кон источниот сосед како одговор на, велат упатените, зголемените апетити на Бугарија. Но, истовремено и порака до Европа, да реагира навремено, за да не се случи уште една блокада за нашата земја.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека предложеното од Бугарија ниту е добрососедство, ниту е европско, но тој верува дека тоа не е став на Борисов.

Според Заев, ако тоа остане така, македонскиот народ треба да се подготви дека првата Меѓувладина конференција нема да се случи во декември. Разговорите помеѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и бугарскиот премиер Бојко Борисов биле добри, но разговорите помеѓу бугарската министерка за надворешни работи,  Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи не се баш добри. 

„Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту најмалку е европско. Ако тоа така остане треба да го подготвиме македонскиот народ дека може да не почне првата меѓувладина конференција што ја очекуваме во декември. Но, јас верува дека тоа не став на премиерот Бојко Борисов, мојот пријател и брат, верувам дека тоа не е став ниту на бугарскиот народ и ќе направиме сè овие претстојни денови да изнајдеме решение“, рече Заев. 

Заев вели дека земјава ја прифатила заедничката историја како нешто што е составен дел од нашето минато, но и дека Северна Македонија, исто како и Бугарија, има и своја посебна историја. Копјата веќе извесен период се кршат околу револуционерот Гоце Делчев, но имаше и изјави и пораки од Софија со кои се оспоруваат македонската нација и јазик. 

А вчера со многу поостар тон, можеби и за прв пат досега, излезе вицепремиерот Димитров. Тој рече дека ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не заслужува да се вика европска. Рече дека ниту една држава во светот, ниту соседна, ниту подалечна, па ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување.

„Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, рече Димитров.Тој вели дека во 21 век правото на самоопределување е неоспорно. 

„Процесот што го почнавме со Бугарија во однос на разговор за наративите од заедничкото минато што не поврзува, мора да има и прифаќање на реалноста. Историјата не може да ја смениме, сегашноста можеме, можеме да обезбедиме подобра иднина. Потребна е мудрост од двете страни“, рече Димитров.

Од друга страна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за време на неговата посета на земјава пред неколку дена, рече дека не би драматизирал за прашањето со Бугарија, и порача дека треба да оставиме дипломатијата да работи. Тој побара трпение за да се реши спорот со официјална Софија, но не сакаше да одговори дали Бугарија го крши основниот постулат на ЕУ за самоопределување со Меморандумот кој ги оспорува идентитетските прашања како јазикот. 

Вархеи порача дека Европската Унија ќе помогне колку може во дијалогот меѓу Скопје и Софија и дека во ЕУ се работи на приоритетот Македонија да ја почне првата меѓувладина конференција до крајот на годината. 

„Јас сум свесен за чувствителноста и би ве замолил за трпение и да се остави дипломатијата да функционира, како што беше со Преспанскиот договор и слични и сериозни прашања. Да веруваме дека добрососедските односи меѓу РСМ и Бугарија ќе донесат решение. Гледам посветеност од страна на премиерот Заев како и од премиерот Бојко Борисов и колку што знам, тие работат на тоа. Да се изнајде решение не е невозможно, не би драматизирал премногу околку ова“, рече Вархеи. 

Актуелниот претседавач со Европската Унија Германија, преку свои официјлни претставници досега во неколку наврати најави дека очекува првата меѓувладина конференција на земјава со Унијата, со која и официјално почнуваат преговорите за членство, треба да се одржи до крајот на годинава - во декември, но без да го прецизира конкретниот датум. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите