СТАПИЈА НА СИЛА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Вредат за цел свет

Објавено во: Економија 12 Март, 2025 08:19
Зголемените царини за увоз на челик и алуминиум (25 отсто) воведени од американскиот претседател Доналд Трамп денеска стапија на сила.
Пред да стапат на сила тарифите, Трамп и се закани на Канада дека ќе ги удвои тарифите за извозот на челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, но се откажа од тие планови откако премиерот на Онтарио, Даг Форд се согласи да ја суспендира одлуката за воведување дополнителни давачки за извозот на електрична енергија од Онтарио во САД, отстапка во замена за укинување на претходните тарифи.
Форд и канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк утре ќе отпатуваат за Вашингтон за да разговараат со претставници на Трамп за можните промени на Трговскиот договор САД-Мексико-Канада (USMCA).
Поголемиот дел од трговијата меѓу САД и Канада останува без царини според договорот USMCA, но Трамп продолжува да ги критикува високите царини што Канада ги има за млечните производи.
Европската унија ќе воведе контратарифи на стоки од САД во вредност од 26 милијарди евра, почнувајќи од април, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, соопшти денеска Европската комисија.
Комисијата соопшти дека ќе ја укине сегашната суспензија на тарифите за американските производи од 1 април, а новиот пакет контрамерки против американските стоки ќе биде претставен до средината на април.
„Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1. април, а целосно ќе бидат во сила од 13. април. Подготвени сме да се вклучиме во дијалог. Го задолжив комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи преговорите и да истражува подобри решенија со САД“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Можеби ќе ве интересира
ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика
