СТАРИТЕ МИНИСТРИ ГИ ИСПРАЗНИЈА КАБИНЕТИТЕ: Напишаа објави за „Збогум“ Димитров, Царовска, Шахпаска, Шекеринска, но не и Филипче
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2022
Викендов во
македонскиот Парламент ќе се дебатира за изборот на новиот владин кабинет на
мандатарот Димитар Ковачевски. Министрите на екс-премиерот Зоран Заев веќе ги
испразнија кабинетите, а секој со своја објава на Фејсбук се збогува и напиша
за постигнатото.
Единствено сега веќе поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димиров крена поголема „прашина“ нагласувајќи дека самоиницијативно не си заминува, дека интереситедазамине се големи, и дома и кај соседот.
-Но, мојот влог за да останам е уште поголем. Ви ветувам отворање на еден непријатен општествен разговор за суштински промени на самиот систем. Ќе нè биде, па што сака нека биде!
Поранешната министерка за образование Мила Царовска се аблагодари на тимот, нагласувајќи дека покажале дека државата може подобро.
Од ресорот труд и
социјала од каде што заминува Јагода Шахпаска, на страницата на Фејсбук стои
подолг пост со детално објаснување за сработеното во изминатиот период.
Екс-министерката
за одбрана, Радмила Шекеринска која за нејзиниот придонес во ресорот како
признание го доби американското знаме на свечена церемонија, во објавата на
Фејсбук напиша за поставените стандарди.
Нема објава за збогум од министерот за здравство Венко Филипче, единствено од неговиот Кабинет порака пред заминување напиша портпаролката Кети Гетева.