16 Април, 2024
0.2806

Стартап Македонија ја лансираше првата дигитална платформа на која сите стартапи ќе се видливи

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

App.startupmacedonia.mk e првата дигитална стартап платформата во нашата земја, на која стартап заедницата ќе ги има сите правилни информации за екосистемот.  Стартап Македонија ги повикува сите стартап компании да се регистрираат и да се вклучат активно на платформата. 


„Со регистрирање на вашиот стартап, истиот ќе го направите видлив за постојните инвеститори, акцелератори, организации, односно за растечкиот еко систем за поддршка на иновативни идеи во земјава. Примарните цели ни се, да се зачленат стартапите, да ги поврземе меѓу себе, како и да остварат комуникација со организациите, за директна соработка со клучни поддржувачи и инвеститори. Со ова ние ќе бидеме дел од останатите земји кои имаат европска стартап сцена и служат како клучен извор на информации за овој сегмент од економијата” вели Марија Димовска од Стартап Македонија. 

Постапката за членување за компаниите е едноставна, се внесува е-поштата, на регистрационата страна се пополнуваат основни податоци за стартап компанијата и со тоа влегуваат во единствениот регистар на стартап компании во земјава. Комплетната верзија на платформата ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината.

Освен што ќе ја има мапата на сите учесници во стартап екосистемот, платформата ќе има цел и да воспостави претставување на македонските стартап компании според стандардите воспоставени од организацијата Startup Commons. Оваа организација ги сатандардизира фазите на развој кои се важни за инвеститорите кои се во потрага на стартап  компании во кои би инвестирале.

Истражувањето на Стартап Македонија од 2018 покажа дека на македонскиот пазар недостига соодветно поклопување помеѓу услугите кои се нудат како поддршка, наспроти услугите кои што навистина им се потребни на стартап компаниите. 

,,Свесни сме за моќното влијание кое стартапите го имаат врз општеството во нашата земја, како и за нивното уникатно влијание врз економијата. Со нивниот иновативен капацитет тие може да бидат силен двигател на економскиот развој во склоп на  сите индустриски гранки. Но за да можат стартапите да делуваат во општеството, ние, како екосистем треба да им помогнеме да се вмрежат, да се зајакнат и да бидат видливи и препознатливи’’ додава Игор Маџов од Стартап Македонија.

Платформата ќе го вклучува и Стартап Digest календарот кој е првиот календар за локални и регионални стартап настани, поддржувачите организации може сами да доставуваат настани кои ги организираат на самиот календар. 

Стартап Македонија ја гради стартап платформата во соработка со Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем, Swiss EP и Adeva, и воедно е подржана од речиси сите организации поддржувачи на стартапи, инвестициски центри. 

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!