19 Април, 2024
0.0294

Статистика на Чулев за (не)почитување на мерките

Објавено во: Македонија 04 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација, оваа статистика ја изнесе министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот профил на Фексбук.

-Во изминатиот период констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација. Во оваа насока поднесени се вкупно 134 кривични пријави до основното јавно обвинителство, напиша Чулев.

Во однос на статистика која се однесува на почитување на мерките за ограничување на движењето на граѓаните од нивното воведување, па се до денес, министерот наведува:

-Вкупно 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, 62 лица од нив се на возраст до 18 години и 42 лица се на возраст над 67 години
Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, како што наведува Чулев, поднесена е една кривична пријава и 25 известувања до основното јавно обвинителство кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со COVID19. Во истата објава, министерот изрази благодарност до граѓаните кои го почитуваат полицискиот час, воведен поради коронавирусот.


Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден