СТАТИСТИКА ПРЕСМЕТА: Eве колку изнесува просечната плата
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020
Во септември просечната нето плата изнесувала 27.405 денари.
Таа е за 7,7 отсто повисока во однос на септември лани, а просечната бруто исплатена плата е 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во Преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во Дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.
Зголемување на исплатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 10,7 отсто, Уметност, забава и рекреација за 10,6 и Дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.
Според статистичките податоци, дејност што има најниска просечна плата, помала од 20.000 денари, е заштитни и истражни дејности со 16.587 денари.