Стебла канабис најдени во парламент
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2018
Четири стебла марихуана се најдени во јапонскиот Парламент во Токио.
Не е познато како тие се нашле во собраниската зграда, а според неофицијални информации, стеблата, кои се стари околу два месеци, ги забележал посетител кој пријавил на обезбедувањето.
Семето од канабисот, нејверојатно, го донел ветер или било испуштено од птици. Случајот е пријавен и во јапонската Влада, која веднаш испратила двајца инспектори на терен.
Во Јапонија има строга политика против дрогата, и за поседување мало количество марихуана се предвидува затвор и до пет години.