Стејт Департментот предупредува за напади во уште една балканска земја
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2018
Стејт Департментот предупредува дека има опасност од напади во уште една балканска земја.
На своите граѓани им советуваат да бидат внимателни при патување во Босна и Херцеговина.
Нивото на опасност според нив е максимално, а се наведува дека има групи кои подготвуваат напади.
Се смета дека напади може да има на пазари, на јавни површини, хотели, паркови или манифестации.
Се спомнува дека во БиХ има и мини од кои секоја година загинуваат одреден број луѓе.
Откако Стејт Департментот предупреди дека е можно во Косово да има напади, по три дена во Косовска Митровица беше убиен Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби.