25 Април, 2024
0.0319

Стевчо Јакимовски со погрдни зборови по Горазд Чомовски по интервјуто со Мицкоски, ЗНМ со осуда

Објавено во: Македонија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, за навредите и повиците за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски.

Јакимовски напиша статус на неговиот профил на Фејсбук веднаш по објавувањето на дел од интервјуто на Чомовски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој со погрдни зборови, какви што не доликуваат на еден политичар и поранешен градоначалник, го навредуваше Чомовски па дури и го прекори Мицкоски зошто не го потегнал за уши и да го извади надвор.

Истакнуваме дека е посебно опасно по безбедноста на новинарите да се упатуваат навреди и закани кон нив, без разлика дали заканите доаѓаат од страна на челници на големи или мали политички партии. Со ваквите повици за насилство може да се мотивира дел од партиското членство да посегне по безбедноста на новинарите, а тоа е недозволиво во едно демократско општество.

Истовремено, потсетуваме дека онлајн закани кон новинарите претставуваат кривично дело, оттука ЗНМ ќе поднесе барање до секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за спроведување на соодветна истрага.

„Каква дрскост од оној Алија Малишановиќ-Горазд Чомоски.
Кај нас во село велат видел на таквото урда па веднаш ќе прави бачило. Со направени неколку интервјуа си помисли кој знае кој е. Зошто е тоа така ? Па затоа што е во друштво со арогантната власт што би рекле со Крокодилите. За жал со своето фациче наликува на жаба која се наоѓа меѓу очите на крокодилот и се поистоветува со него. Кога тој ќе ја отвори устата и кутрата жаба ја отвара мислејќи дека и таа ќе голтне голем плен, мислејќи дека и таа е крокодил.
Во право се кога велат дека образованието ни ја извршува само образовната но не и воспитната компонента. Универзитетот дава образование но не и култура и воспитување. Воспитувањето го даваат родителите.
Онакво арогантно однесување со одбивање да се извини на повозрасен Господин од него, универзитетски професор и лидер на опозицијата и тоа во седиштето на ВМРО ДПМНЕ е незапамтено.
Му честитам на Христијан на смиреноста, инаку малиот заслужи да го фати за прчестите ушиња малку да го поподигне и така на прсти да го исфрли во ходникот како што некогаш правеа учителите“, напиша Јакимовски веднаш по најавата на емисијата која ќе биде емитувана в недела.

Чомовски во емисијата „Трилинг“ го обвини Мицкоски дека сè уште не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, 

– Се надевам дека некогаш ќе имате чест и привилегија да направите интервју со господинот Никола Груевски – рече Мицкоски, по што веднаш доби одговор од водителот дека „тој лично не чувствува потреба да прави интервју со криминалец“.

На ова Мицкоски побара извинување од Чомовски.

– Ако го нарекувате Груевски криминалец, а мене ме поистоветувате со неговата матрица, тогаш индиректно и мене ме нарекувате криминалец. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да побарам од вас да ми се извините – рече Мицкоски.

– Извинување ќе добиете во некоја друга прилика – возврати на тоа Чомовски.




Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот