Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Август, 2020
Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои попладнево дојдоа во Вилата Водно и бараат одговор како му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тие сметаат дека е прекршен Уставот.
Бараат објаснување зошто Пендаровски му го дал мандатот на Заев иако тој нема обезбедено 61 пратеник.
Заев го доби мандатот и најави Влада за 20 дена.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ова не е случаен преседан.
Очајни се обидите на губитникот Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување, стои во реакцијата на СДСМ.
Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот.