Стјуардеса фатена со половина милион долари сред лет
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2018
Стјуардесата Девеши Кулшрешта на индиската авио компанија Jet Airways била фатена со речиси половина милион долари сместени во нејзиниот личен багаж под штиклите и несесерот со шминки наредени во банкноти од по 100 долари, во обид да ги прошверцува од Њу Делхи до Хонг Конг.
Таа била фатена од финансиската полиција пред самиот лет да започне од аеродромот во Делхи, по претходни оперативни сознанија.
Дирекцијата за јавни приходи на Индија посочи дека ќе поведе поширока истрага со цел да утврди за кого стјуардесата Кулшрешта се обидела да ги прошверцува валутите.