Стојан Андов тврди дека Фрчкоски не ја прочитал книгата која судот ја забрани
Објавено во: Македонија 22 Март, 2019
Поранешниот собраниски претседател, Стојан Андов во Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека ниту очекувал, ниту помислил дека може судот да забрани да се продава неговата книга за атентатот на Киро Глигоров, каде се споменува улогата на екс министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски.
Тој вели дека оваа одлука е штетна и лоша.
Тврди дека Фрчкоски не ја прочитал книгата.
Андов кажа дека одбил јавно да му се извини на Фрчкоски, но му предложил да се појават јавно на телевизија и да зборуваат за да се види дали има основа за тужба.
„Не откажувам дуел, но штом сака суд, ќе одиме на суд, јас не ни сакав да се расправам со него“, вели Андов.
Андов тврди дека во книгата го опишал Фрчкоски каков што навистина бил, некомпетентен да ја врши функцијата.