14 Јуни, 2021
0.0249

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов се спушта по јаже низ клисура длабока 30 метри

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2021

Во спасителната вежба „Мрежичко 2021“која се одржа утринава кај кавадаречкото село Мрежичко, активно учествуваше и в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој се спушти по јаже низ клисура длабока 30 метри.

-Во знак на восхит на овие млади луѓе и во знак на доверба на нивните вештини и опрема со кои располагаат, ќе се спуштам по јаже низ оваа клисура длабока не повеќе од 30-тина метри, рече Ангелов при неговото активно учество во „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ која е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија. 

Спасителна вежба Мрежичко 2021, се однесува на спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам. –

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже, традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни, наведуваат од ЦУК.

„Спасителна вежба Мрежичко 2021“ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.


Можеби ќе ве интересира

Се стресе Грција, но и Македонија

Се стресе Грција, но и Македонија

Осум македонски градови се збогуваа со короната

Осум македонски градови се збогуваа со короната

Филипче: Првата трансплантирана пациентка целосно се опоравува, а вториот пациент е на Oдделот за интензивна нега

Филипче: Првата трансплантирана пациентка целосно се опоравува, а вториот пациент е на Oдделот за интензивна нега

Србите и Турците најбројни туристи во април

Србите и Турците најбројни туристи во април

НЕ БИЛО ТОЧНО: Македонци уште не можат да патуваат во Германија туристички

НЕ БИЛО ТОЧНО: Македонци уште не можат да патуваат во Германија туристички

Досега 4.502 Македонци примиле вакцина против коронавирусот во Врање

Досега 4.502 Македонци примиле вакцина против коронавирусот во Врање

САМО ТРОЈЦА ОД СКОПЈЕ И ЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ - имаме четворица заболени од ковид, и за жал, еден починат

САМО ТРОЈЦА ОД СКОПЈЕ И ЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ - имаме четворица заболени од ковид, и за жал, еден починат

ПАДНА ДОГОВОР: Судиите ќе добиваат повисоки плати од годинава

ПАДНА ДОГОВОР: Судиите ќе добиваат повисоки плати од годинава

Србите од утре до 15 август нема да плаќаат патарина во Македонија

Србите од утре до 15 август нема да плаќаат патарина во Македонија