Стојанче Ангелов: Строги, но праведни затворски казни за пеколниот план од 27 април
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Лидерот на партијата Достоинство преку социјалните мрежи ја коментира одлуката на судот кој денеска ја изрече пресудата со која обвинетите за случајот 27 април добиваат вкупно 211 години затворска казна.
Најмногу од сите, или 18 години затворска казна доби екс директорот на БЈБ Митко Чавков.
Стојанче пресудите ги окарактеризира како строги , но праведни а во прилог ви го пренесуваме неговиот статус на социјалната мрежа Твитер.
Строги но праведни затворски казни за организаторите и извршителите на пеколниот план и насилства од крвавиот 27 април.
— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) March 15, 2019
Игор Дурловски кој наивно наседна на овој план доби ослободителна пресуда.
Груевски го следел објавувањето на пресудата од луксузен хотел во Будимпешта.