22 Јуни, 2025
0.0302

„СТОЈКОСКИ, ДАЛИ ТИ ГИ ПРАША ЖИТЕЛИТЕ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДАЛИ САКААТ ХЕМИСКИ ФАБРИКИ“: Арсовска сподели и фотографии од одбиениот ДУП

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2025 10:47

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на град Скопје, Данела Аросовска со нова објава на социјалните мрежи му се обрати на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за плановите за изградба на хемиски фабрики во рамки на општината. 

Аросвска и град Скопје и претходно објавуваа дека планираните маркици за изградба на хемиска фабрика во Ѓорче Петров не е предвидена и не е согласно Генаралниот урбанистички план, кој би требало да го почитуваат општините во рамки на градот Скопје, сепак, во оваа општина, се бара Детален урбанискички план со кој според неа се предвидува градење на хемиска фабирка. 

Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем.

Дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ!

И покраш тоа што како град Скопје дадовме негативно мислење за овој ДУП, ти упорно сакаш да убедиш некој дека хемиски фабрики е супер да се градат во Ѓорче, а ги молчиш дивоградбите таму и висококатниците кои си дал амин да се градат на булевар на небезбедна одалеченост.

Никому јас не стварам никаква несигурност, освен на тебе и твоите пајташи! Ајде сега читај и гледај фото:

1: Како изгледаше ДУПот во Ѓорче Петров

2: Како изгледа ДУПот што си го изгласал за кој имаш негативно мислење од Град Скопје

3: Како изгледа сега таа локација сред Ѓорче

4: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 1

5: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 2

6: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 3

7: Стојкоски кога лаже 1

8: Стојкоски кога лаже 2

☑️ Целиот ДУП е достапен на твојата веб страна за ова да си го видат граѓаните: https://opstinagpetrov.gov.mk/.../sintezen_sz_16_gp.pdf

Бидејќи многу сакате референдуми Стојкоски, направи сега еден да ти кажат ѓорчепетровци лично дали сакаат своите деца и домови да им се наоѓаат меѓу хемиски фабрики! - напиша Арсовска на Фејсбук. 

Еве ја нејзината објава: 


Инаку објавата на Арсовска пристигна откако градоначалникот на општина Ѓорче Петров во телевизиско гостување негираше дека се планира градба на хемиски фабрики во општина и посочи дека градоначалничката на Скопје непотребно создава хаос меѓу граѓаните. 

- Жалам што сме сведоци на една таква ситуација. Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров, за разлика од некои соседни општини, каде што ни око не фрла, ниту па да најде забелешка. Работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо.

Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со тоа што сака да создаде чувство на несигурност во јавноста, сака да создаде чувство на паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија - кажа Стојкоски.

Градоначалничката на град Скопје па претходно сподели објава од видео поврзано со ДУП-от во Ѓорче Петров. 


Можеби ќе ве интересира

ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОЛНИ ФЕЉТОНОТ, ОВОЈ ПАТ ОТИДЕ ВО ЧАИРЧАНКА, ПОКАЖА ЗГРАДА ОД 12 КАТА ЦЕЛОСНО ИЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНА: „Копаат булевар за на диво да се приклучат“

ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОЛНИ ФЕЉТОНОТ, ОВОЈ ПАТ ОТИДЕ ВО ЧАИРЧАНКА, ПОКАЖА ЗГРАДА ОД 12 КАТА ЦЕЛОСНО ИЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНА: „Копаат булевар за на диво да се приклучат“

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ПРИФАЌАЊЕ НА СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СЕРВИРА НА МАСА“: Мицкоски вели успеале да го амортизираат ударот што некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ПРИФАЌАЊЕ НА СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СЕРВИРА НА МАСА“: Мицкоски вели успеале да го амортизираат ударот што некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик

ВАЖНО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ: Утре доаѓа експерт по пластична хирургија

ВАЖНО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ: Утре доаѓа експерт по пластична хирургија

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

ЕМ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГОЛ, ЕМ НЕЗАКОНСКИ ЛОВЕЛ РИБА: Уапсен албански државјанин, бил фатен во Охридското езеро

ЕМ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГОЛ, ЕМ НЕЗАКОНСКИ ЛОВЕЛ РИБА: Уапсен албански државјанин, бил фатен во Охридското езеро

ВРЕДИ ВЕЛИ АЛБАНЦИТЕ СЕГА СЕ ЈАДРО ВО ДРЖАВАТА, АДЕМИ СО КОНТРАНАПАД: „Најболно е што Албанци се потпишани на законот за правична застапеност!“

ВРЕДИ ВЕЛИ АЛБАНЦИТЕ СЕГА СЕ ЈАДРО ВО ДРЖАВАТА, АДЕМИ СО КОНТРАНАПАД: „Најболно е што Албанци се потпишани на законот за правична застапеност!“

Го загуби животот во пожарот во Кочани, но неговиот сон живее: Car show во чест на Ице Андонов

Го загуби животот во пожарот во Кочани, но неговиот сон живее: Car show во чест на Ице Андонов

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“

ДАЛИ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА КЛИНИЧКИ? Дел од вработените ќе паркираат на дел од простор на „Лимак“

ДАЛИ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА КЛИНИЧКИ? Дел од вработените ќе паркираат на дел од простор на „Лимак“