Стојменови ја намалуваат главнината во финансиското друштво
Објавено во: Финансии 10 Јули, 2018
Таткото Борис Стојменов и синовите Марјан и Емил преку јавен оглас објавуваат дека ја намалуваат основната главнина на финансиското друштво Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје, инаку до изминатата есен регистрирано како штедилница Мак БС.
Намалувањето на основната главнина на Друштвото , запишана во Трговскиот регистар, со изнас од 438.011.854 денари се намалува во износ од 150.000.000 денари. Основната главнина ќе изнесува 288.011.854 милиони денари.
Семејниот собир на содружници со одлука за намера за намалување на основната главнина на Друштвото со намалување на номиналните износи на влоговите што треба да следат на 27 јули годинава, забележано во Централниот регистар на 3 јули.
Уплатени влогови поединечно се враќаат на Економско Биро ДОО Скопје за износ од 142.200.000 денари, на Емил Стојменов за износ од 3,9 милиони и на Марјан Стојменов за износ од 3,9 милиони денари.
За оваа намера е добиена согласност од Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во јуни.
Согласно одлуката и огласот, друштвото се согласува да им ги исплати побарувањата на доверителите или да им даде обезбедување за исплата на побарувањата. ДОверителите се согласни со намерата ако по 90 изминати дена не побараат исплата на побарување.
Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија,во октомври минатата година на штедилницата Мак БС од Скопје ѝ беше одземена дозволата за основање и работење заради нејзина преобразба во финансиско друштво.
Врз основа на издадената дозвола од страна на Министерството за финансии, субјектот продолжи да работи со назив Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје.