Столтенберг објасни зошто Србија беше бомбардирана
Објавено во: Свет 19 Март, 2019
НАТО нема планови да го намали присуството на своите сили ниту во мисиите на КФОР на Косово и Метохија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакнувајќи дека причината што НАТО е на КиМ, е да ги штити сите луѓе, па така и српската заедница.
Столтенберг изјавил дека мисијата од 1999-та година е болно прашање, но ист е случајот и со сите други војни во Европа и додал дека тие земји кои се бореле биле во состојба да влезат во иднината.
На прашањето зошто се случил погром во 2004-та годинa ако КФОР гарантира безбедност, Столтенберг одговорил дека КФОР е тука да ги штити и Србите и дека ќе бидат активни ако е тоа потребно, и потсетил дека имаат големи овластувања од ОН, додавајќи дека ќе се трудат да имаат голем број на вооружени сили кои ќе останат таму.
Зборувајќи за ТВ Прва за НАТО бомбардирањето во 1999-та година, Столтенберг оценил дека „задачата била да се прекине војната и хуманитарната катастрофа, а истовремено и да се спречи загуба на животи на цивили" и додал дека „не бара од Србите да го заборават тоа што се случило во 1999-та година, но дека сака Србија и НАТО да соработуваат".