28 Март, 2024
0.0438

Столтенберг: Среќен сум што Грција и Турција ќе ги решаваат проблемите

Објавено во: Свет 15 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на НАТО е задоволен и среќен што Грција и Турција ќе ги решаваат проблемите преку дијалог, а при тоа Алијансата нема да се меша во нивните меѓусебни односи, освен што ќе понуди целосна поддршка за процесите. 

– Мислам дека одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Бев многу среќен кога дознав дека премиерите на двете земји во последиот телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог – вели Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.

Столтенберг, кој утре ќе допатува во посета на Турција, нагласува дека вратата на НАТО останува отворена за прием на нови членки, за  што најдобриот доказ е приклучувањето на Црна Гора кон Алијансата минатата година.

– Продолжуваме да работите со Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија. Давајќи им поддршка на трите земји кои сакаат да бидат членки, ние им помагаме да ги постигнат нивните евроатлантски цели – додава првиот човек на НАТО.

Столтенберг во интервјуто нагласува дека целта на неговата посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел, додавајќи дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални прашања.

Според мего, Турција е значаен и клучен сојузник на Алијансата пред се поради нејзината стратешка положба и затоа ги смета за многу важни консултациите со турските лидери околу подготовките за Самитот во Брисел на кој ќе се разговара за повеќе значајни теми во однос на тоа како НАТО да се адаптира во услови на зголемени безбедносни предизвици.

– Турција е важна за НАТО, но и НАТО е важен за Турција – истакнува Столтенберг во интервјуто.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти