Столтенберг во Скопје за јасен сигнал на македонското НАТО членство
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, претстојнава недела ќе дојде во дводневна посета на Македонија при што ќе има средби со претставници на државниот врв. Според агендата на посетата, Столтенберг би требало во четврток напладне да се обрати и пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Обраќањето на Столтенберг се очекува да го проследат и пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои инаку не учествуваат во работата на Собранието.
Посетата на Столтенберг ќе биде еден од најсилните сигнали на меѓународната заедница за неопходноста Република Македонија да се приклучи на НАТО.