01 Декември, 2020
0.0208

Стомачен вирус, ништо не ти е: Со вакви зборови почнува голготата на Надица која храбро се бори со туморот на мозокот, ниту еден неврохирург не сакал да ја оперира

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

33-годишната Надица Димитровска од Скопје, за Женски Магазин ја раскажа нејзината мачна и долга голгота во борбата против туморот, која почнува пред година и пол.

-До тогаш ми се немаше случено такво нешто. Легнав и не знаев дали јас се вртам или собата ми се врти, буквално како да се возите на најлудиот релер-костер па не знаете каде се наоѓате. После тоа следеше константно повраќање, бев буквално кaкo во кома, не можев ни очи да отворам, а слушав се што се случува околу мене, притисокот низок 50/70, пулсот 50, температурата 35. Бидејќи сето ова не престануваше мајка ми повика брза помош, меѓутоа кога мајка ми им ги кажа симптомите и кажа колку години имам, и' кажаа дека имало стомачен вирус тој период, па сигурно тоа сум имала, па и' кажаа по телефон кои лекови да ги купи во аптека... Сепак, бидејќи се укажуваше дека сепак не се работи за вирус, за да ги потврдиме нашите сомнежи повикавме приватна лабораторија да дојдат да земат примерок од крв и да видиме дали навистина е вирус во прашање, и како што и претпоставувавме не беше вирус. Сето ова траеше 3 дена, на третиот ден брат ми и мајка ми не можејќи повеќе да ме гледаат како неподвижна лежам во кревет, ме дигнаа во раце и ме однесоа кај матичната докторка. Таа кога ме виде само кажа носете ја одма на ургентно. Ме однесоа во 8-ми Септември и лекарот што ме прими одма побара КТ на глава и да ме стават на инфузија. Во сета таа несреќа единствената светла точка беше Др. Јасна Петреска неврологот кој таа вечер беше дежурна, која и покрај лошите вести кои ми ги соопшти т.е дека имам тумор на хипофизата, до ден денес таа е посветена на мене и мојот случај и секогаш е тука кога ми треба, слободно можам да кажам единствениот доктор на кого му верувам во нашава држава. 

Со железни чизми по македонските болнички лавиринти

Така почна моето патешествие или јас што би рекла голгота по болничките лавиринти и нашето здравство за кое што ако немаш познати луѓе и чекаш за мој термин ќе поминат месеци и месеци, а испитувања и резултати се потребни што е можно побрзо за да може да се бара решение. Ајде сите испитувањата се завршија за помалку од месец дена па следуваше следен шок кога почнав да барам неврохирург за да ме оперира, ај што никој не сакаше да се нафати на операција и ми викаа да си чекам уште да порасне туморот се изнаслушав работи како пиј кафе и кока кола низок ти е притисокот, ти си феномен девојче, чекај уште не ти е оштетен видот, кога ќе имаш проблем со него тогаш дојди па ќе видиме па и до тој степен да ми кажат „ајде бе ништо не ти е дигни рачна“... Нема врата на која не тропнав дали приватно дали државно здравство, секаде беше истиот пристап и одговор. Среќа што имам многу блиски пријатели во Турција кои успеаја да ми ги најдат најдобрите доктори. Ги пратив сите испитувања и снимки што ги имам и веднаш ми одговорија дека треба да се оперирам и да не губам повеќе време. Taкa добив датум за операција се спакував и заедно со мајка ми се упатив за Турција.

Операција во Турција долга пет часа, “çok zor” 

Операцијата ми беше извршена на 21.09.2019. Немам зборови за условите и пристапот кој што го имаат таму докторите и целиот персонал кон пациентите, мислам дека се светлосни години пред нас, таму само наидуваш на професионалност и човечки однос, а не како кај нас на големото ЕГО на докторите. Проф. Др. Пинар, неврохирург, заедно со својот тим ме оперираа тоа саботно попладне. Во принцип операцијата треба да трае од 2 до 2.5 часа но кај мене не беше така, мојата операција траеше скоро 5 часа. 
Кога др. Пинар излегла од операционата сала на мајка ми и моите блиски само им рекла “çok zor” што значи многу тешко, раскажува Надица за Женски Магазин.

Целата приказна прочитајте ја тука


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ откако резултатите беа објавени на полноќ: Филипче ги штелува бројките

ВМРО-ДПМНЕ откако резултатите беа објавени на полноќ: Филипче ги штелува бројките

Почина заменикот градоначалник на Скопје Енвер Маличи

Почина заменикот градоначалник на Скопје Енвер Маличи

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

Костадинов се пофали дека ќе ја донира целата пратеничка плата

Костадинов се пофали дека ќе ја донира целата пратеничка плата

Протестот почнува во 12.30: Мицкоски се извинува за метежот, бара масовност

Протестот почнува во 12.30: Мицкоски се извинува за метежот, бара масовност

СУДСКИТЕ ХОДНИЦИ РИЗИЧНИ: Адвокати реагираат дека поради долго чекање рочишта се изложени на зараза со ковид

СУДСКИТЕ ХОДНИЦИ РИЗИЧНИ: Адвокати реагираат дека поради долго чекање рочишта се изложени на зараза со ковид

ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање

ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање

Податоците на полноќ: 32 починати пациенти, Скопје на врвот

Податоците на полноќ: 32 починати пациенти, Скопје на врвот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Брисел нема оптимизам дека ќе ги почнеме преговорите, во Македонија се протестира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Брисел нема оптимизам дека ќе ги почнеме преговорите, во Македонија се протестира