28 Март, 2024
0.0255

Стопанска банка а.д. Битола ја реотвори целосно ребрендираната експозитура на локација Стара Зграда – Битола

Објавено во: Мои пари 03 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во еден од најстарите и најубавите примери на архитектурата во Битола – Стара зграда, денес, Стопанска банка а.д. Битола ја реотвори својата целосно ребрендирана експозитура.

Стопанска банка а.д. Битола веќе подолго време е дел од Старата зграда која уште во доцниот 19ти век го просведочила постоењето на Отоманската банка, зградата која по Првата светска војна била превземена од француско-српска банка која отворила свои филијали во овој град и по Втората светска војна била седиште на Земјоделската банка.

Оваа ,,Зграда на банки’’ која со себе низ годините ја раскажува приказната на сите институции кои биле дел од неа,  се изразува со исклучителна автентика  на стилот на градба кој со себе ги носи елементите на француската архитектура богата со ренесансни и барокни елементи на фасадата .  Портата на оваа зграда го има приматот за најубаво украсена и стилски компонирана порта во градот Битола.

Старата зграда со својата богата декорација на фасадата поврзана со ковано железо во деловите на прозорците, терасата, портата и примената на керамички украси неслучајно се издвојува како еден од најзначајните и најубавите објекти во градот Битола.

,,Знаејќи ја историската важност која овој објект ја има пред се за градот Битола, а потоа и за нас како дел од истиот сметаме дека е совршеното место повторно да ја отвориме нашата експозитура. Интересен е фактот дека оваа зграда во различни времиња, во различни векови е седиште на различни банки кои постоеле на територијата на Република Македонија. Ние како банка, некриејќи ги исклучителните симпатии кои ова место ги буди во наси чувствувајќи се како дел од таа ,,традиција’’, со задоволство повторно ги отвораме неговите порти и ја заживуваме историјата која со векови ја сведочи оваа зграда. Зад значајните историски барокни ѕидини во ребрендирата експозитура на клиентите ќе им понудиме ново, модерно и современо искуство.’’- велат од Банката

Ребрендираната експозитура со својот модерен изглед ги задоволува највисоките стандарди на функционалност, достапност и ефикасно опслужување на клиентите. Со отворањето на ребрендираната експозитура која се наоѓа на една од најфреквентните локации во градот на жителите им се овоможува полесен пристап и поголема достапност до сите финансиски услуги. Проширувањето на деловната мрежа на експозитури е голем чекор во определбата на Банката за сеопфатно задоволување на барањата на клиентите и е доказ дека Стопанска банка а.д. Битола во согласност со своите стратешки цели континуирано ги следи потребите и очекувањата на клиентите.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија