20 Април, 2024
0.0260

Стопанска банка a.д. Битола oствари добивка во износ од 8 милиони денари

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал од тековната 2018 година, главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше насочен кон остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година. Притоа, Банката постојано го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

  1. Финансиски перформанси на Банката

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат  за периодот 1.1.-31.3.2018 година,односно добивка во износ од 8,00 милиони денари. Тековното остварување првенствено е резултат на повисоки нето-приходи од редовното работење и ефикасно управување и контрола на трошоците што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување. Добивката пред исправка на вредност и загуба за оштетување изнесуваше 40,79 милиони денари што претставува зголемување од 72,86% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати се повисоки за 25,88%, односно 17,84 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година, додека планот за првиот квартал од 2018 година  беше остварен со 107,56%. Кај приходите од камати беше постигнат годишен раст од 8,22 милиони денари, што генерално се должи на зголемено кредитирање на секторот домаќинства заради дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Доброто управување со изворите на средства и нивните цени придонесе за намалување од 9,62 милиони денари на страната на расходите,  главно во делот на пасивни каматни стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 7,60 милиони денари, што претставува годишен раст од 32,02%. На страната на расходите е евидентирано благо намалување, додека приходите од провизии бележат позначаен раст одразувајќи го зголемениот обем на активности, главно во делот на платен промет. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 116,71%.

Нето-курсните разлики се повисоки за 1,00 милиони денари споредено со првиот квартал од минатата година, додека планот е остварен со 91,48%.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 7,89 милиони денари, односно за 39,96% споредено со периодот 1.1.-31.3.2017 година кога беа остварени вонредни приходи и капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е повисока во однос на претходната година за 13,71% што се должи на квалитетот на дел од постојното кредитно портфолио.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, за периодот 1.1.- 31.3.2018 година изнесуваше 19,37 милиони денари, што претставува поголем износ за 43,27% споредено со минатата година. Ваквото остварување е резултат на издвојување на повисок износ за оштетување на преземениот имот согласно  регулативата на НБРМ според која преземениот имот по 1.1.2010 година се сведува на нула.

Трошоците за вработените се пониски за 0,62 милиони денари споредено со периодот 1.1 – 31.3.2017 година, што е одраз на настојувањата на Банката за постигнување на поголема ефикасност во работењето со постојниот стручен кадар. Планот кај оваа позиција е остварен со 83,06%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 3,04%, што главно е резултат на трошоци поврзани со имплементација на Меѓународниот стандард за финансиско известување - МСФИ 9. Планот за првиот квартал од тековната година е реализиран со 113,06%. Амортизацијата е зголемена за 8,15% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 87,87%.

  1. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.- 31.3.2018 година, Банката направи измена во сметководствените политики заради усогласување со измените во регулативата на Народна банка на Република Македонија која се однесува на имплементација на Меѓународниот стандард за финансиско известување – МСФИ 9,во делот на класификација и мерење на финансиските инструменти при штово овој период  беше извршена  прекласификација   на  портфолиото на хартии од вредност што не предизвика промени во основите за мерење, и никаков финансиски ефект од класификацијата, освен следното:

  1. Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2017 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 25.4.2018 година,  Банката не исплати дивиденда за 2017 година.

  1. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Намалување од 1,09% на недвижностите и опремата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година, главно како резултат на пресметана амортизација.

  1. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити се пониски за 4,65% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година.

  1. Очекувања за претстојниот период

Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено забрзување на домашниот економски раст. Банката и во идниот период ќе делува во согласност со целите, мерките и активностите поставени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за периодот 2018-2022 година. Фокусот, како и досега ќе биде ставен врз пресретнување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги, јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот.  Дополнително, Банката ќе го прилагодува работењето во согласност со измените во законската и подзаконската регулатива и услувите на пазарот. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!