28 Мај, 2020
0.0247

Стопанска комора: Да се стави ред во продажбата на дезинфициенси

Објавено во: Економија 08 Април, 2020

Во оваа вонредна состојба, кога се води голема битка за здравјето и животите на граѓаните, мора да се преземат сите можни чекори за нивна заштита. Заради тоа, мора да се обезбеди стриктна примена на законските одредби во врска со продажбата на биоцидни производи на пазарот (дезинфициенси за раце, за површини и за подови). Ова е особено важно во постојните услови на нивно енормно користење, велат од Стопанската комора на Македонија.

Според регулативата, секој добавувач за да стави дезинфициенси во промет треба да поседува дозвола, односно решение, за ставање во промет на биоцидни производи, издадена од Министерството за здравство. За да се знае точно кој производ е одобрен, надлежните институции треба во најкус можен рок да ги ажурираат информациите на соодветната интернет-страница (www.hemikalii.gov.mk) со објавување само на важечките решенија од Министерството за здравство. Истовремено, треба да се известат сите учесници во синџирот на дистрибуција, но и сите државни институции, за тоа кои биоцидни производи, односнo дезинфициенси смее да ги има во продавница или смеат директно да се набавуваат, за притоа корисниците да не бидат доведени во заблуда. Тогаш ќе се олесни и работата на инспекциските служби за спречување на ставање во промет на дезинфициенси за кои не е издадено одобрение од Министерството за здравство, бараат од Стопанската комора.

Додаваат дека ова значи дека всушност инсистираат на стриктна примена на Законот за хемикалии, Законот за трговија и Законот за индустриска сопственост. Само така ќе се избегнат сите ризици и какви било несакани ефекти врз здравјето на населението поврзани со употребата на дезинфициенси.


Можеби ќе ве интересира

„СКАПИ“ МЕНАЏЕРИ: Пошта трупала загуби, тие се осигурувале - еве што открија ревизорите

„СКАПИ“ МЕНАЏЕРИ: Пошта трупала загуби, тие се осигурувале - еве што открија ревизорите

Домашни инвеститори во зоните нема, договорите со странските енигма

Домашни инвеститори во зоните нема, договорите со странските енигма

Како „Уготур“ стана “пали – гаси“ за набавки во скопска „Европа“?

Како „Уготур“ стана “пали – гаси“ за набавки во скопска „Европа“?

Објавена уредбата за платежните картички: Парите ќе ги добиете до 3 јули, ќе треба да ги потрошите до 31-ви

Објавена уредбата за платежните картички: Парите ќе ги добиете до 3 јули, ќе треба да ги потрошите до 31-ви

Позајмивме 700 милиони со еврообврзница, за камата ќе вратиме уште 150 милиони евра

Позајмивме 700 милиони со еврообврзница, за камата ќе вратиме уште 150 милиони евра

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

ВАЛУТИ: Eврото скокна во однос на доларот

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА: Протоколот забранува организирање на прослави

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

По Германија, дали и Франција ќе оди во рецесија?

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти

Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти