25 Април, 2024
0.0285

Стопанската Комора на Македонија идентификува извозните можности и потенцијали на македонската економија

Објавено во: Економија 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција и интернационализација, проект што го имплементира Стопанската Комора на Македонија во соработка со УСАИД, на прес-конференција во Битола информира за изработката на квантитативна анализа за идентификување на извозните можности и потенцијали на македонската економија.

Професорот Дарко Лазаров посочи дека користат современа научно-истражувачка и стручно-апликативна методологија и официјални податоци од релевантни меѓународни институции за трговска размена помеѓу секоја со секоја земја на ниво на поединечен производ, податоци за царински стапки, не-царински и друг тип на трговски бариери што земјите ги наметнуваат при увоз на конкретен производ, географска оддалеченост помеѓу земјите и други податоци потребни за естимација на моделите во анализата.

- Основната цел на анализата е идентификување на можностите за раст на извозот на постоечките извозни производи што извозно ориентираните компании ги извезуваат на веќе постоечките пазари, како и идентификување на можностите за проширување на извозната активност преку пенетрација на нови извозни пазари. Дополнително, втората цел на анализата е идентификување на можности за извозна диверфизикација преку мапирање на нови производи кои земјата не ги извезува, но за кои има потенцијални компаративни предности и реални економски претпоставки да отпочне да ги произведува и извезува на регионалните и глобалните пазари. Предмет на анализата се над 5.300 постоечки и нови потенцијални извозни производи и над 170 постоечки и нови потенцијални извозни пазари, нагласи професорот Лазаров.

На прес конференцијата во Битола, Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување, предочи дека еден од главните приоритети во делувањето на Стопанската комора на Северна Македонија е да креира активности во насока на подигнување на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија. Кризите со кои се соочува нашето стопанство, рече Пеева Ѓуриќ, а кои се присутни и во глобални рамки, и во овој период не се пречка за креирање активности кои се во функција на поддршка на извозот и помош на компаниите да излезат на пазарите во регионот но и пошироко.

Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција кој го спроведува Комората, во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, проект кој е во времетраење од 3 години, односно до крајот на јуни 2025 година е важен и за Пелагонискиот регион и затоа сме тука. Во рамки на проектот е планирана изработка на „Платформа за дигитален извоз“ – Easy Export, развој на Институт за извоз со центри за обука и истражувачко-аналитички центар, како и други активности, истакна Пеева Ѓуриќ.

За Стопанската комора, влегувањето во партнерство со УСАИД за ваква проектна активност е од исклучително значење, бидејќи практиката покажува дека македонскиот извоз има многу системски проблеми, неповолна извозна структура, односно најголем број од производите што се извезуваат се со ниска додадена вредност, беше истакнато на денешната прес-конференција во Битола.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија