20 Април, 2024
0.0268

Стопанската комора најави формирање национална асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА)

Објавено во: Економија 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Партнер на државата, стручен консултант на членките и советник на крајниот потрошувач, ова ќе биде клучната мисија на националната асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА) чие основање го најави денеска Стопанската комора на Северна Македонија.

Како што соопшти потпретседателот на Здружението за угостителство и туризам при Комората, Александар Кузманоски, целта на асоцијацијата ќе биде да помогне во создавањето потребни услови за развој на модерна и конкурентна професионална туристичка индустрија.

- Во услови на вакви предизвици, туристичките агенции кои произведуваат и продаваат аранжмани дома и во странство не препознаваат адреса за обраќање, ниту добиваат поддршка и стручно мислење за потешкотиите со кои се соочуваат поради што делуваат неорганизирано - рече Кузманоски, образложувајќи ги причините за формирањето на НАТТА.

Тој дополни дека НАТТА, освен што ќе овозможи практична помош за членките и заштита на нивните интереси пред Владата и другите институции, постојано ќе го следи и трендот во туризмот преку соработка со меѓународната асоцијација.

- Во Северна Македонија нема регистрирано национална асоцијација која ќе ги претставува дестинацијата и интересите на компаниите од оваа дејност. Од исти причини и граѓаните немаат доволно информации за правата и обврските при користењето туристички аранжамни, што придонесува за создавање погрешни очекувања и култура на патување - подвлече Кузманоски.

Асоцијацијата ќе има високо професионална активна членска мрежа и ќе функционира преку повеќе одбори – за рецептивен туризам, за иницијативен туризам, за младински туризам и екскурзии, за конгресен туризам, за автобуски и за авионски сообраќај, за рент-а-кар, за меѓународна соработка, како и за соработка со институции и фондации.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?